Sunday, January 26, 2014

ЛЕТ



 Ти ги чувствувам мислите- 
се влечат низ мене 
со денови и ноќи,
се моткаат околу 
моите усни,
да измамат од нив
 да го изговорат
твоето Име.

Не жали за ништо,
простени ти се сите напори
да ме заборавош, 
да ме избришеш, 
да ме избледиш
во меморијата. 

Патуваше трилиони години
да ме најдеш
и ме најде 
но магла тешка
од врели воздишки
во зима
ни го замати погледот

Не жали за ништо

Моите мисли никогаш 
нема да се откажат
да летаат до твоите усни
со месеци и години, 
да те измамат
да го изговориш 
моето име

да ја симнеш
оваа клетва, 
да бидам полу-човек

да ми ги одврзеш
крилјата
да летнат назад 
кон тебе

No comments: