Sunday, January 19, 2014

Вистина е


Додека ја ставам главата на перницата 
уживајќи во процентот на памук во неа, 
мислите како дива срна трчаат низ 
густата
шума од мисли,
кој денот ги посеа. 

и
овој ден, 
и тој утре што ќе помине
ќе ми земе нешто, 
а јас несебично ќе му дадам се од себе, 
небаре моја е вечността, 
небаре и среќата 
ми е истетовирана во жигот на кармата. 

И додека очите ми натежнуваат
ми текнува дека 
можеби тебе баш
сум те заборавила
Ти што 
стоиш на патот немо, 
Ти-
Знак на моето Означено, 
Форма на Симболот 
чие значење го носам јас,
Коски на Оваа Сенка 
Душа на ова Тело 
Оска на Оваа Планета.


Вистина е 
тебе токму тебе, 
те носам на ракавот,
но ракавот ми е завратен, 

Тебе те носам на врв јазик, 
а студени и безлични се моите зборови
кои не те носат во себе,

Вистина е 
твојата сила е мојот извор,
а со првите петли од тебе се откажав,

вистина е, 

сону мој...
додека очите ми натежнуваат 
ти си ми се.... 


No comments: