Sunday, April 28, 2013

ТЕЛО


Еј, како ли да стигнам 
ДОМА
кога ги заборавив сите имиња,
сите улици, 
сите градови,
ги изгубив сите мапи.
Како да најдам место за почин, 
кога неуморни се моите очи, 
немирна мојата душа,
гладна по соништа, 
разделена со логиката. 

Никаде не се чуствувам 
посигурно од твојата сенка,
а ти, 

Ти си ја продаде сенката
на првиот циган кој 
ти ја отсвире омилената песна,
и го замени ова лудило
за 
парче мир во душата...
и
Не знам јас повеќе дали 
ова тело кое го носам 
низ светот 
е тело на љубовтта,
или тело на надежта,
дали носам тело
на старата ЈАС
заробена во наивната насмевка,
на  едно новороденче,
кое плива безгрижно
во Мајчината утроба,
или го носам твоето тело
она од кое се ослободи
пред да заминеш
во тишината.

Хеј, 
столбу на мојата душа, 
има ли место
за мене во твојата
песна?

No comments: